Музичкото училиште „Ентерпрајз“ ја започнува својата 25. рок сезона, продолжувајќи ја традицијата на музичка едукација која трае повеќе од две децении.
„Ентерпрајз“ е единственото рок училиште во Македонија, а низ неговите програми досега поминале повеќе од 1.500 ученици.
Наставата се одвива во групи, а учениците можат да изучуваат соло пеење, гитара, бас-гитара, тапани и клавијатури, со можност за комбинирање и паралелно изучување на повеќе инструменти и музички сегменти.
Основната филозофија на училиштето е дека секое дете има музички потенцијал, но потребни се вистинска насока, поддршка и охрабрување.
Токму затоа во „Ентерпрајз“ нема аудиции и приемни испити. За да станете дел од училиштето, доволно е да имате желба да свирите, да пеете или и двете.
Во училиштето сметаат дека учењето музика треба да биде забавен и инспиративен процес, па учениците уште од самиот почеток можат да ги изберат жанровите што најмногу ги сакаат и преку нив да го совладуваат инструментот или соло пеењето.
Посебен дел од програмата се и јавните настапи.
Веќе на крајот од првото полугодие учениците се подготвуваат за својот прв настап на професионална сцена, додека концертите на „Ентерпрајз“ се одржуваат двапати годишно.
Тие претставуваат можност учениците да го покажат стекнатото знаење пред бројна публика и да почувствуваат како изгледа вистински сценски настап.
Уписите за новата сезона ќе се одржат на 2 септември 2026 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Музичкото училиште „Ентерпрајз“ во Трговскиот центар „Олимпико“, на улица Лондонска 19 во Скопје.
Дополнителни информации за програмата, концертите и училиштето се достапни преку официјалните онлајн канали на „Ентерпрајз“.
https://linktr.ee/musicschoolenterprise





