Белата куќа од следниот месец повторно ќе биде отворена за посетители. Таа беше затворена поради пандемијата со коронавирусот, а наводно и американскиот Капитон ја разгледува таквата одлука. Белата куќа сега ќе биде отворена за туристички обиколки два дена во неделата.
Посетите ќе бидат дозволени од 15 април пишува во соопштението издадено од таму. НОсењето заштитни маски нема да биде задолжително, но лицата кои се позитивни на корона или боледуваат од некои други заразни болести нема да можат да влезат внатре.
И Конгресот ја разгледува можноста за повторно да ги отвори вратите за јавноста од 28 март. „Вавшингтон Пост“ кој се повикува на неименуван извор, рече дека зградата во целост ќе биде отворена за јавноста до 5 септември. Одлуката е донесена откако во САД се намали бројот на новозаразени со омикрон.
„Белата куќа повторно ќе ја следи ситуацијата со ковидот. Според потребите ќе се прилагодуваме на новите ситуации“, велат од таму.