По елиминацијата на Светско, скопјанецот Влатко Андоновски не е веќе селектор на женската фудбалска репрезентација на САД

По елиминацијата на Светско, скопјанецот Влатко Андоновски не е веќе селектор на женската фудбалска репрезентација на САД

пред 1 година






Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД Влатко Андоновски поднесе оставка, јави „Асошиетед прес“. Македонецот ја напушти функцијата поради раната елиминација на САД на Светското првенство кое се игра во моментов.

Американките ја бранеа титулата на Мундијалот, а во Австралија и Нов Зеланд беа елиминирани во осминафиналето, порано од кога било досега. Во групата го победија Виетнам и одиграа нерешено со Холандија и Португалија, по што се пласираа во нокаут фазата.

Никогаш досеа не завршиле полошо од трето место на Светското првенство. Четириесет и шестгодишниот Андоновски беше именуван за селектор на САД во октомври 2019 година. Под негово водство Американките остварија 51 победа, пет нерешени и девет загубени натпревари.






Share
Scroll to Top