Следните денови времето во Македонија ќе биде сончево, со значително повисоки дневни температури. Утре температурата ќе биде до 28, а за време на викендот до 32 степена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до нула степени. Од викендот повторно температурите ќе растат и ќе се задржат околу триесеттиот степен во целата земја.
Во петок максималната температура ќе достигне 28 степени (во Гевгелија), а во Скопје ќе биде 24, додека минималната ќе се движи од нула до четири степени.
Од следната среда, дневните постепено ќе се намалуваат и ќе се движат меѓу 24 и 28 степени.