По победата на Трамп, многумина го напаѓаат Џорџ Клуни: „Ти си крив“

По победата на Трамп, многумина го напаѓаат Џорџ Клуни: „Ти си крив“

пред 5 дена

По изборната победа на Трамп, луѓето го нападнаа Џорџ Клуни кој јавно се залагаше Џо Бајден да се откаже од претседателската трка. Во јули оваа година, Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој се нафрли на Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“.

Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“.

Клуни беше домаќин на собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот Бајден во дебатата со Доналд Трамп. „Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.

Актерот, кој се опиша себеси како упорен демократ, напиша: „Нема да победиме во ноември со овој претседател. Освен тоа, нема да го освоиме Домот и ќе го изгубиме Сенатот. Ова е не само мое мислење, ова е мислењето на секој сенатор и претставник во Конгресот и гувернерот со кој разговарав приватно, без разлика што тој или таа јавно тврди“.

Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.

Share
Scroll to Top