По разводот Мелинда повеќе нема да донира од своето богатство во фондацијата за добротворни цели која ја основаше со Бил Гејтс. Според пишувањето на „Вол Стрит Журнал“, Мелинда се одлучила на ваков чекор уште додека траел процесот на развод со основачот на „Мајкрософт“.
Бил и Мелинда во 2010 година се обврзаа поголемиот де од своето богатство да го донираат низ фондацијата која ја нарекоа по нив – „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“. Тоа беше случај сè до минатата година, кога се разведоа.
За потсетување, мултимилијардерот Ворен Бафел беше иницијатор на идејата, вторите најбогати луѓе на светот да го донираат своето богатство, а иницијативата ја нарече Giving Pledge (давање залог). Оваа идеја тогаш ја поддржаа и Бил и Мелинда.
Мелинда во ноември минатата година порача дека е апсурдно голем дел од богатството да биде во рацете на една личност и дека е одговорно да се донира истото. Тогаш не прецизираше на кои организации ќе ги донира парите.
Фондацијата Гејтс е филантропска организација чија донација изнесува 50 милијарди долари. Мелинда и до сега ги донирала парите низ некои други добротворни организации.
Таа и понатаму е потпретседателка на фондацијата, но рече дека се согласила до крајот на следната година да се откаже од функцијата ако смета дека повеќе не може да соработува со Бил.
Бил Гејтс рече дека ќе остане посветен на тоа голем дел од богатството да го донира и дека фондацијата ќе му биде главен филантропски приоритет, пренесува Al Jazeera English.