Пејачката Туна Сејдиу е на одмор на Занзибар од каде што објави неколку фотографии. Во танга-бикини и разголен газ покриен со мрежа, Туна покажа како се опушта во одморалиштето „Нест“.
„Хакуна матата“, напиша на фотографиите.
Новите слики на Туна привлекоа внимание на Инстаграм, па следбениците ѝ коментираат дека пак провоцира со изгледот, ама дека е прекрасна, иако родила две деца.
Пејачката има два сина, Тиан и Зен, кои ги доби од бракот со косовскиот пејач Патрис Бериша, со кого се разведе неодамна, по скоро пет години брак. Претходно таа беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но и тој брак траеше кратко.