По срамот во Англија очекував Милевски да се повлече, но ФФМ место промени реши да ја доуништи оваа генерација, рече Пандев за „Кориере дело спорт“

По срамот во Англија очекував Милевски да се повлече, но ФФМ место промени реши да ја доуништи оваа генерација, рече Пандев за „Кориере дело спорт“

пред 6 месеци






Најдобриот македонски фудбалер и поранешен капитен Горан Пандев пред мечот со Италија, за италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, рече дека раководителот на Фудбалската федерација на Македонија ја уништи оваа генерација фудбалери. Кажа што мисли за репрезентацијата, зборуваше и за селекторот Благоја Милевски и рече дека нема намера да се кандидира за претседателското место на ФФМ.

„По поразот од 7-0 од Англија, Милевски требаше да даде оставка, но федерацијата застана во негова одбрана. Не знам како ќе играме против Италија. Капитенот Стефан Ристовски речи да не одговара на повиците на репрезентацијата додека тој е селектор. Разговараа и на крајот одлучи дека нема да игра додека тој е селектор“, рече Пандев.

Смета дека ова раководство на ФФМ и Милевски ја елиминираше златната генерација и сега ќе треба три повеќе да се борат за да ги постигнат резултатите од минатото.

„Сите очекуваат промена, навивачите исто така ја бараат. Проблемот е многу подлабок и ги погодува и оние надвор од тренерот. Јас немам амбиција да станам претседател на ФФМ, не ме интересира тоа, но тие ја отфрлаат најдобрата фудбалска генерација во последните 30 години. Имаа други интереси. Се собраа и го оставија Милевски и покрај сите совети да не го прават тоа. Сега за да се вратиме на резултати од минатото, ќе треба да се бориме трипати повеќе“, рече Пандев.






Share
Scroll to Top