По шамарот на сцената јавноста затечена ѝ бара да му се одземе Оскарот на Вил Смит

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Откако Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на доделувањето на 94 Оскари, јавноста остана затечена и побара да му се одземе Оскарот. Смит му удри шамар на својот колега откако комичарот ја навреди неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.

Засега се чека реакција од Американската филмска академија, која по инцидентот кратко на „Твитер“ порача дека не поддржува насилство, а гледачите кои на социјалнтие мрежи го кажаа своето мислење за овој инцидент, веќе побараа на Смит да му се одземе Оскарот.

„Во нормални ситуации овој човек би го привеле поради насилство и би го исфрлиле од салата, но организаторите знаеја дека наскоро ќе добие Оскар, па го оставија. Сега треба да му го земат“, коментираат на социјалните мрежи.

Само тројца луѓе во зградата знаеја дека Смит ќе ја добие наградата, вклучувајќи го и продуцентот на емисијата Вил Пакер и двајцата сметководители кои го надгледуваат табеларниот приказ на резултатите на Оскар, пред да бидат поделени и отворени победничките пликоа.

(Видео) Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на сцената на Оскарите па го засени триумфот на „КОДА“

Share
Scroll to Top