По 16 години фестивалот „Скопје саундс гуд“ се враќа на музичката сцена

По 16 години фестивалот „Скопје саундс гуд“ се враќа на музичката сцена

пред 5 години

По 16 години пауза од првото и единствено издание на фестивалот „Скопје саундс гуд“, Аволон повторно го враќа на музичката сцена со нови и актуелни наши и регионални бендови. Настанот ќе се одржи на 8. септември, на Денот на Независноста на Македонија, на Стадионот на АРМ.

Публиката ќе има можност да ужива во музиката на Буч Кесиди, НиплПипл, Фанк Шуи и Свемирко.

Фестивалот „Скопје сауднс гуд 2021“ има за цел да го спои најдоброто од Македонија и регионот на независната регионална сцена со својот младешки, урбан и независен дух.

Влезниците се по цена од 700 денари и ќе бидат пуштени во продажба во четврток преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн. Фестивалот ќе биде реализиран според протколите кои ќе бидат актуелни за време на одржувањето на настанот.

Последен и единствен пат „Скопје саундс гуд“ се одржа на 31 мај 2005 година на Скопски саем.

 

Share
Scroll to Top