Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Оттаму информираа дека бебето е од машко и дека е тешко 3720 грама, а долго 51 сантиметар. Ова е првото бебе на мајката, 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани.