Принцезата од Дубаи која го остави сопругот преку инстаграм го лансираше парфемот „Развод“

Принцезата од Дубаи која го остави сопругот преку инстаграм го лансираше парфемот „Развод“

пред 1 недела






Ќерката на владетелот на Дубаи Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум во јули го остави нејзиниот сопруг Ман Ал Мактум преку инстаграм.

„Драг мажу, бидејќи си преокупиран со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, му напиша и така стана вирална сензација на социјалните мрежи.

Сега таа ги изненади своите следбеници со нов деловен потфат. Имено, таа лансираше парфем со соодветното име „Развод“.

Принцезата од Дубаи го претстави својот луксузен парфем на стотици илјади следбеници на Инстаграм.






Share
Scroll to Top