Принцезата од Монако качена на коњ ја отвори модната ревија на Шанел

Принцезата од Монако качена на коњ ја отвори модната ревија на Шанел

пред 3 години

Шарлот Казираги, принцезата од Монако и внуката на американската актерка Грејс Кели, предизвика вистински спектакл, откако се појави качена на црн коњ на отварањето на овогодишната ревија на француската модна куќа „Шанел“.

Новата амбасадорка на дизајнерската куќа се пројави пред присутната публика како вистинска кралска хероина на ревијата во парискиот Гранд Палас. Таа носеше сако од твид со светки и црни пантолони со потписот на „Шанел“. Стајлиног ѝ беше надоплнет со јавачка капа, соодветни чизми, ракавици и дискретна шминка.

Шарлот стана заштитно лице на брендот во 2020 година, а уметникот Хавиер Вејлан ја претвори главната улица во Париз, Шанзелизе во вистински хиподром. Тој изрази желба Шарлот да биде централна фигура на овогодишната хот-котур ревија за колекцијата пролет/лето на „Шанел“.

Share
Scroll to Top