Принцот Филип имал успешна операција на срцето

Принцот Филип имал успешна операција на срцето

пред 6 години

Принцот Филип имал успешна операција на срцето, пишува британски „Мирор“. Од палатата изјавиле дека операцијата била успешна и дека прицот ќе остане во болница неколку дена да се опорави. Од таму велат дека неговата состојба не е поврзана со коронавирусот.

Медиумите пишуваат дека принцот прво бил примен во болница затоа што не се чувствувал добро, а потоа поради инфекција морал да биде префрлен во друга.

За потсетување, десетина дена пред неговата состојбата да се влоши, тој и кралицата се вакцинираа против ковид 19.

 

Share
Scroll to Top