Принцот Филип поради инфекција префрлен во друга болница

Принцот Филип поради инфекција префрлен во друга болница

пред 4 години

 Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип поради инфекција е префрлен во друга болница, пренесуваат британските медиуми. Принцот Филип претходно беше примен во болницата „кралот Едвард VII“ во Лондон, затоа што не се чувствувал добро.

Сега тој е префрлен во болницата „св. Бартхоломев“, каде лекарите направиле прегледи на неговата сстојба на срцето, соопштија од палатата. Од таму велат дека принцот сега се чувствува многу подобро. Неговата здравствена состојба не е поврзана со коронавирусот.

 

Share
Scroll to Top