Принцот Филип ќе биде погребан во ковчег направен пред 30 години, а ист таков е направен и за кралицата

Принцот Филип ќе биде погребан во ковчег направен пред 30 години, а ист таков е направен и за кралицата

пред 4 години

 

Принцот Филип, ќе биде погребан на 17 април, во кончег од дабово дрво кој за него е направен пред 30 години. Ист таков ковчек е изработен и за кралицата Елизабета, пишуваат британските медиуми и додаваат дека ковчегот тежи 4 тони бидејќи е обложен со олово.

Иако за сега не се знаат детали околу погребната церемонија, познато е дека на погребот ќе присуствуваат само 30 луѓе, а службата ќе биде одржана во капелата Свети Џорџ на имотот во Виндзор. Кралицата ќе седи одвоено од сите останати присутни членови на семејството, со маска на лицето.

Британските медиуми пишуваат и дека е традиција членовите на кралското семејство да се погребуваат во ковчег обложен со олово, бидејќи тоа треба да помогне телото да се зачува од скапување. Телото во ваков ковчег може да се зачува до една година, бидејќи е херметички затворен и во него не може да влезе влага.

Во ковчег обложен со олово беше закопана и принцезата Дијана.

Share
Scroll to Top