Програмер ја заборавил лозинката на неговата сметка од 240 милиони долари

Програмер ја заборавил лозинката на неговата сметка од 240 милиони долари

пред 4 месеци

Германскиот програмер Стефан Томас си ја заборавил лозинката на сметката од 240 милиони долари, пишува „Гардијан“. Тој досега осум пати го погрешил пасвордот и сега му преостанаа само уште два пати да ја погоди точната лозинка.

Во спротивно целиот систем може да се блокира и трајно му го затвори таканаречениот дигитален паричник. Томас живее во Сан Франциско. Тој пред 10 години добил 7.002 биткоини, како награда за снимање на видеоснимки кои објаснуваат како функционира криптовалутата.

Кога го добил подарокот, вредноста на биткоините варирала од два до шест долари. Томас сите биткоини ги сместил во дигитален паричник, но со време заборавил на нив.

Денес, секој биткоин вреди 34.000 долари, а оние кои ги поседува Томас, вредат 240.000 милиони долари. Но, Томас ја заборавил лозинката и сега тој трајно може да го изгуби неговото богатство.

Тој досега осум пати погрешно ја внел лозинката и му преостануваат уште два пати. Тој добил разни совети од разни експерти, за начинот на кој може да ја отклучи сметката.

Алекс Стамос, експерт за интернет безбедност, вели дека може да му ја открие лозинката за шест месеци, но бара од него да му даде 10 проценти од дигиталното богатство.

Томас не е првиот и единствен човек кој ја има заборавено лизинката од ваквите сметки. Според фирмата за податоци за криптовалути Chainalysis, околу 20 проценти од постоечките 18,5 милиони биткоини се изгубени или заглавени во непристпани дигитални паричници.

Share

AniWatch watch anime: Watch Fairy Tail Episode 91 (https://aniwatch.pro/m/RXz/ep-91)

AnimeTV my anime tv: Watch One Punch Man Episode 2 (https://animetv.cc/m/nkQ/ep-2)

Scroll to Top