Проданоски: Обезбедивме десет телевизори за домот за стари лица во Прилеп, продолжуваме со подобрување на условите

Проданоски: Обезбедивме десет телевизори за домот за стари лица во Прилеп, продолжуваме со подобрување на условите

пред 40 минути

Десет нови телевизори се обезбедени за собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп, во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на установата.

Посетата се одржа во рамки на Неделата на грижа за старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“. На средбата се разговарало за секојдневните потреби на корисниците и за можностите за подобрување на условите во домот.

Проданоски посочи дека новите телевизори ќе им овозможат на корисниците полесно да се информираат и да го исполнуваат своето слободно време.

Општината и раководството на установата работат на планирање на буџетот за 2027 година, со акцент на одржувањето на објектот, подобрувањето на хигиенските услови, обновата на инвентарот во собите и квалитетот на услугите.

Градоначалникот изрази очекување дека во текот на следната година ќе се надминат и кадровските тешкотии, за домот да може да работи со потребниот капацитет.

Тој нагласи дека установата згрижува лица од повеќе градови во Македонија и дека вложувањата во условите за престој треба да продолжат.

„Луѓето кои со години граделе, работеле и придонесувале за нашето општество заслужуваат внимание, почит и достоинствени услови за живот“, порача Проданоски.

Share
Scroll to Top