Проданоски: Прилеп испиша уште една незаборавна спортска вечер со атмосфера за пример

Проданоски: Прилеп испиша уште една незаборавна спортска вечер со атмосфера за пример

пред 3 часа

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена бина.

Настанот започна во 21:00 часот и собра голем број љубители на фудбалот, кои заедно го следеа натпреварот во празнична и навивачка атмосфера.

„Прилеп уште еднаш покажа дека знае да создаде атмосфера за паметење“, порача Проданоски, истакнувајќи дека целта на ваквите настани е граѓаните заеднички да уживаат во големите спортски спектакли и да се поттикне чувството на заедништво.

Од Општина Прилеп посочуваат дека ваквите собири придонесуваат за збогатување на општествениот живот во градот, создавајќи простор каде спортот ги обединува граѓаните и носи позитивна енергија.

Share
Scroll to Top