Продуцентот на Тејлор Свифт по грешка ја избришал поканата за нејзината свадба: Сопругата останала бесна

Продуцентот на Тејлор Свифт по грешка ја избришал поканата за нејзината свадба: Сопругата останала бесна

пред 5 часа

Музичкиот продуцент Гарет „Џекнајф“ Ли и неговата сопруга Мелиса Гарнер Ли не присуствувале на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, откако тој по грешка ја избришал поканата, мислејќи дека станува збор за спам-порака.

Мелиса за целата ситуација пишуваше во авторски текст за „Хафингтон пост“, откривајќи дека била „бесна“ кога дознала што се случило.

„Се сеќаваш дека ти кажав дека добив порака од нејзиниот менаџер? Но, не му одговорив. Не ми звучеше како навистина да е тој“, ѝ рекол Гарет, кој има 59 години.

Ли, кој соработуваше со Тејлор Свифт на песната „The Last Time“ од албумот „Red“ (2012), објаснил дека мислел оти некој се обидува да му го хакира адресарот.

„Мислев дека некој се обидува да ми го хакира списокот со контакти“, рекол тој, што уште повеќе ја налутило неговата сопруга.

Мелиса, која работи како психотерапевт, признала дека во тој момент ја напуштила просторијата за да се смири.

„Бев толку вознемирена што морав длабоко да вдишам за да се смирам“, напишала таа.

Кога повторно се вратила, Гарет ја прашал зошто воопшто сакала да оди на свадбата.

„Сакав да одам затоа што ќе ми дадеше надеж. Надеж во љубовта, надеж дека постои нешто убаво во светот… можеби и надеж за Америка во едно тешко време“, му одговорила Мелиса.

Таа признала дека со нетрпение сакала да ги слушне и музичките гости, меѓу кои била и легендарната Стиви Никс.

Кога Гарет повторно се обидел да се извини, велејќи дека на свадбата било многу жешко, Мелиса повторно се изнервирала.

„Бевме поканети на свадбата на деценијата, а не отидовме затоа што можеби било премногу жешко? Дури не испративме ни потврда дека нема да дојдеме. Колку е тоа невоспитано. Извинете, Тејлор и Тревис“, напишала таа.

Сепак, по извесно време му простила на сопругот. Гарет ѝ го донел нејзиниот омилен оброк, повторно ѝ се извинил, ја прегрнал и ја бакнал.

Мелиса признава дека нивниот брак никогаш не бил совршен, но сфатила дека имаат многу поважни работи од пропуштената свадба.

„Една пропуштена свадба нема да го уништи нашиот брак. Посилни сме од тоа. Иако, морам да признаам дека навистина ќе беше интересно да го видам нејзиниот венчален фустан“, напишала таа.

Тејлор Свифт и Тревис Келси, двајцата на 36-годишна возраст, се венчаа на 3 јули на свечена церемонија во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, пред околу 1.000 гости.

На свадбата присуствуваа бројни светски ѕвезди, меѓу кои Селена Гомез, Џиџи Хадид, Бредли Купер, Том Круз, Џенифер Лопез, Рис Витерспун, Нели, Итан Хок, Ед Ширан, Зои Кравиц, Хју Грант, Џејсон Судеикис и многу други.

Долгогодишната портпаролка на Тејлор Свифт, Три Пејн, потврди дека пејачката до олтарот прошетала во венчаница од висока мода на Christian Dior, додека церемонијата ја водел актерот Адам Сендлер.

Според американските медиуми, раскошната свадбена прослава чинела околу 30 милиони долари.

Share
Scroll to Top