Продуцентската куќа на Роберт де Ниро прогласена за виновна за родова дискриминација

Продуцентската куќа на Роберт де Ниро прогласена за виновна за родова дискриминација

пред 12 месеци

Компанијата на познатиот актер Роберт де Ниро ќе мора да ѝ плати на поранешна вработена 1,2 милион долари поради обвинувања дека ја навредувал затоа што е жена и ја понижувал.

Продуцентската куќа на Роберт де Ниро, Channel Productions, е виновна за родова дискриминација и малтретирање на работното место на поранешната асистентка на холивудската ѕвезда, одлучи судската порота во Њујорк по двонеделното судење.

Според поротата, Роберт де Ниро не е лично одговорен, пишува „Гардијан“.

Поранешната асистентка на славниот актер и режисер, Греам Чејс Робинсон, го обвини Де Ниро за вознемирување на работното место во периодот од 2008 до 2019 година, кога таа поднесе оставка.

Текстот Продуцентската куќа на Роберт де Ниро прогласена за виновна за родова дискриминација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top