Пронајдено тело на кит во Норвешка осомничен дека собирал информации за Русија

Пронајдено тело на кит во Норвешка осомничен дека собирал информации за Русија

пред 3 недели






Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој првпат беше виден во Норвешка во близина на руските територијални води со електронска јака за која се верува дека се користи за шпионажа за Русија, беше пронајден мртов минатиот викенд.

Норвешката јавна телевизија НРК објави дека татко и син рибари пронашле тело на кит како лебди во заливот Рисавика на југот на Норвешка во саботата, пишува Гардијан.

Китот со кран е изваден од водата и со брод е пренесен на вештачење до блиското пристаниште.






Share
Scroll to Top