Професор сруши Гинисов рекорд, поминал 100 дена под вода

Професор сруши Гинисов рекорд, поминал 100 дена под вода

пред 1 година

Универзитетскиот професор Џозеф Дитури собори Гинисовиот рекорд за најдолго време поминато под вода. Рекордот го држеа двајца професори од Тенеси, кој во 2014 година поминаа 73 дена, два часа и 34 минути под вода. Џозеф во водата влезе на 1 март, а излезе во петокот на 9 јуни.

Додека бил под вода, бил во неговата куќа, на 9,14 метри под водата во лагуната Ки Ларго на Флорида.

„Не ми беше целта да го срушам рекордот. Сакав само да ги проширам човечките гледишта и толеранција за подводниот свет, тоа изолирано, ограничено и екстремно опкружување“, рече Дитури.

Џозеф кој го доби прекарот „Длабоко море“, е професор на Универзитетот во Јужна Флорида и има докторат по биомедицинско инженерство. Исто така е пензиониран офицер на американската морнарица.

Неовиот потфат е наречен „Проект Нептун 100“, а го организираше Фондацијата за развој на морски ресурси, која е сопственик на куќата. Притисокот во внатрешноста на куќата, за разлика од оној во подморниците, кој е речиси ист како на површината, е поднесен да одговара на оној под водата.

Проектот имал за цел да дознае повеќе за тоа како човечкото тело и ум реагираат на породолженото изложување на екстремен притисок и изолираното опкружување и е дизајниран за идните мисии на истражувачите на океаните и астронаутите на вселената.

Низ трите месеци и деветте дена колку што ги поминал под вода, Дитури секој ден спроведувал експерименти и мерења за да го следи неговото тело и како тоа реагира на зголемениот притисок.

Се сретнал онлајн со неколку илјади студенти од 12 земји, предавал курс по USF, а кога излегол, го пречекале 50 посетители.

„Најпријатниот дел од ова е интеракцијата со речиси 5.000 студенти и нивната грижа за зачувување, заштита и подмладување на нашата морска средина“, рече Дитури.

Тој истакна дека има и 10 пати повеќе матични клетки отколку на почетокот на истражувањето. Други корисни ефекти од престојот во длабокото море се тоа што тој сега има 60-66 отсто подлабок РЕМ сон, а холестеролот му паднал за 72 поени. Маркерите за воспаление му се преполовени, пишува „Мирор“.

Share
Scroll to Top