Состојки:
- 140 гр пченкарно брашно
- 140 гр пченично брашно
- 300 гр тиквички
- 250 гр фета-сирење
- четири јајца
- 150 мл јогурт
- половина кесичка прашок за печиво
- прстофат сода бикарбона
- прстофат шеќер
- 60 мл масло
- 40 грама пармезан
Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за печиво. Одделно изматете ги белките и солта, додајте шеќер и повторно промешајте. На крајот додајте ги и жолчките. Во друг сад измешајте ги јогуртот и маслото, додајте сода бикарбона и промешајте малку, а потоа соединете ја смесата со јајцата и додајте го фета-сирењето.
Полека додавајте го брашното, а потоа и исечканите и малку пржени тиквички. Истурете ја смесата во тава, која претходно сте ја премачкале со путер, потоа посипете ја со пармезан и оставете да се пече околу 45 минути на 180 степени.