„Работам како стриптизер, жените на настап ме гребат, ама тоа не ѝ пречи на девојка ми“, вели Вил

„Работам како стриптизер, жените на настап ме гребат, ама тоа не ѝ пречи на девојка ми“, вели Вил

пред 5 часа

„Многу чести ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат, како да нема никакви правила. Девојка ми знае дека ова ми е само професија, а и ужива во пентхаусот што го купив од заработката со стриптиз настапите“, вели стриптизерот Вил кој премногу личи на Ченинг Тејтум, па го нарекуваат „Меџик Мајк од реалноста“.

Филмовите Magic Mike со Ченинг Тејтум во главната улога можеби не добија добри оценки од филмските критичари, но факт е дека се покажаа како хит кај публиката – токму затоа беа снимени дури три продолженија. Протагонистите во филмот се неколку стриптизери и дејството се фокусира на нивните животи.

Вил Парфит од Англија работи како стриптизер, а благодарение на неговата сличност со Ченинг Тејтум, станал познат и како „Меџик Мајк од реалноста“.

Пред само неколку години, 35-годишниот Вил работел во магацин, но благодарение на сегашната професија, вели дека е милионер кој постојано патува низ светот.

Тој има и милиони следбеници на социјалните мрежи каде што се фали со раскошот, но вели дека овој начин на живот има и лоша страна.

Вели дека доста често, кога настапува, неговата публика не се контролира како се однесува.

„Многу често ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат и не им е грижа. Нема никакви правила!“

Сепак, вели дека сега, откако станал малку попознат, публиката повеќе се контролира бидејќи многумина го гледаат како ѕвезда.

Вил открива дека никогаш не планирал да стане стриптизер, туку сосема случајно се нашол во оваа професија.

Негов пријател, кој работел во ноќен клуб во Австралија, на Фејсбук објавил дека му требаат келнери кои ќе работат топлес.

Бидејќи живеел во Австралија, далеку од семејството, решил да се пријави.

„Единствената причина зошто ја прифатив работат е бидејќи бев во Австралија. Си помислив дека сигурно нема да сретнам ниту еден член од семејството (од Анталија), па си реков вреди да пробам.

Првиот ангажман беше во мал клуб во Мелбурн, имаше неколку топлес келнери, а имаше и неколку мажи кои танцуваа на сцената. Тогаш си помислив дека од ова можеби ќе произлезе нешто големо“.

Во ноќниот клуб, со уште неколку машки стриптизети започнал своја танцувачка група, брзо почнале да се прославуваат и вели дека сега заработуваат толку добро, што имал доволно да вложи и во недвижнини.

Сепак, признава дека во прилог му бил локдаунот за време на пандемијата бидејќи тогаш почнал да се активира на ТикТок.

Кога во Австралија било забрането одењето по клубови, почнал да ги објавува неговите шоуа и на OnlyFans. Но, истакнува дека никогаш не се соблекува целосно и дека неговите шоуа се само класичен стриптиз.

 

Share
Scroll to Top