На Земјата нашето тело ги извршува сите функции за кои најчесто не размислуваме. Кога нешто ќе не скокотка во носот, ние киваме. Кога ќе почувствуваме потреба, одиме во тоалет. А често по јадењето, без разлика дали го признаваме или не, понекогаш знаеме да подждригнеме.
Дали знаете дека сите тие активности во вселената можат да бидат проблематични?
Астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица, мораат да научат како да извршуваат нужда во вселената, каде нема гравитација, но и како да киваат. Можат и да испуштаат гасови, но, тоа не е пријатна ситуација, затоа што нема прозор и мирисот останува долго време присутен.
Ситуацијата со ждригањето е уште понепријатна. Американскиот астронаут Кирс Хадфилд, има прилично јасно објаснување зошто астронаутите во вселената не смеат да ждригаат.
„Не можете да ждригате во вселената затоа што воздухот, храната и течностите во важиот желудник патуваат заедно како голем балон. Ако ждригнете, всушност го враќате воздухот во устата. Па погодете каде тој заробен воздух заминува?“ напишал Хадфилд.
Накратко, ако астронаутите или бил кој друг, се обиде да ждригне во вселенеата, тоа ќе се претвори во повраќаница на полусварената храна и желудната киселина. Таа наместо да падне на подот или да се залепи на ѕидот, лебди во воздухот. Освен што ќе предизвика згрозување кај сите, може и да предизвика технички проблеми, ако случајно ги допре чувствителните инструменти кои се наоѓаат на Меѓународната станица. Треба ли да се опишува маката за чистењето на таквото нешто?