Рада Манојловиќ: Саша Поповиќ ми ја уништи кариерата

Рада Манојловиќ: Саша Поповиќ ми ја уништи кариерата

пред 4 години

Иако важи за една од најуспешните ѕвезди на „Гранд“, пејачката Рада Манојловиќ вели дека Саша Поповиќ пред неколку години ѝ ја уништил кариерата. Тој не ѝ дозволил да објави албум со песни што потоа ги испеа Северина и станаа големи хитови. Рада и денес жали за пропуштената прилика, и иако Поповиќ ѝ се извинил, а тие се и денес одлични соработници, таа не му ја простила грешката.

„Јас сум најголемиот баксуз на сцената, го потпишувам тоа. Го отпеав целиот албум на Северина ‘Бред Пит’. Значи, песните ‘Бред Пит’, ‘Град без људи’, ‘Добродошао у клуб’, ‘Камен око врата’, , јас го испеав сето тоа. Сепак, поради некоја причина, Саша Поповиќ не се согласи да се објави албумот и тие песни потоа отидоа кај Северина. Јас бев врзана со договор за Поповиќ. Тој одлучуваше затоа што плаќаше за сè, па негова одлука беше дека не треба да го издадам тој албум. Тогаш многу плачев, но не ми вредеше“, рекла Рада.

Откако бил објавен албумот на Северина, некогашниот директот на „Гранд“ сфатил дека донел погрешна одлука.

„Кога сè беше готово, Саша ми рече: ‘Рајка, извини, но јас навистина не го препознав тоа’. По оваа грешка која ме чинеше многу, се појави поинакво правило во Гранд, а Поповиќ реши да го промени договорот со сите ѕвезди на продукцијата. Во првата година само тој инвестира, а потоа самите ги избираме песните, но и сами ги плаќаме“, додала Рада.

Таа открила и дека песната „Три чаше“, која е хит на Милица Тодоровиќ, прво ѝ била понудена на неа.

„Таа песна беше кај мене, ја слушав заедно со сестра ми Маја и менаџерот, но залудно. Маја има поинаков вкус од мене, па затоа често ѝ ги пуштам песните што ги избирам, бидејќи тие го разбираат новиот звук, кој ми е потполно туѓ. Неа тоа не ѝ се допадна и песната ја доби Милица“, рекла Рада.

Share
Scroll to Top