Расел Кроу ќе биде Зевс во новиот филм за Тор

Расел Кроу ќе биде Зевс во новиот филм за Тор

пред 4 години

Оскаровецот Расел Кроу ќе го глуми грчкиот бог Зевс во новиот филм за Тор на „Марвел“. Веста за Зевс е по шпекулациите за тоа која ќе биде неговата улога во филмот „Тор: Љубов и грмотевица“. Муабетите почнаа кога Кроу беше забележан во друштво на екипата на „Тор“ во Австралија, каде што се снима филмот. Во стрипот Зевс често интервенира во битките на Тор.

Во тимот е и глумецот Кристијан Бел, кој ќе биде главен негативец, а Крис Хемсворт, Натали Портман и Теса Томпсон ги репризираат своите улоги.

Премиерата на филмот, во режија на Таика Ваитити, се најавува за мај 2022.

Share
Scroll to Top