Раста ќе ја тужи Република Србија

Раста ќе ја тужи Република Србија

пред 9 месеци

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста ќе поднесе тужба против Србија бидејќи е во притвор 83 дена поради наводна продажба на наркотици. Тој смета дека е незаконски притворен и дека го држат предолго, пишуваат српските медиуми. Оваа информација ја потврди и адвокатот на Раста, Урош Милосављевиќ.

„Ако на крајот испадне дека Стефан не е виновен, тој има право да бара отштета од државата за материјалната и нематеријалната штета која му е нанесена. Мојот клиент има право на тужба и надомест на штета, што ќе биде платено од државниот буџет. Ако биде осуден, тој нема да има право на надомест на штета, па сето тоа ќе зависи од казната што ќе му биде изречена“, рекол адвојатот.

Тој е убеден дека раперот е во притвор толку долго само затоа што е јавна личност.

„Стефан е незаконски во притвор. На него не му е местото таму. Обвинителството тврди дека тој продавал дрога, а ние велиме дека станува збор за мала количина која ја користел за свои цели. Не постои доказ дека продавал дрога, а тие поради тоа го чуваат во притвор. Седи во ќелија само затоа што е јавна личност и се испрати порака до луѓето дека нема привилигирани лица“, додал адвокатот.

Според него, Раста и неговата поранешна сопруга, Ана Николиќ, се договориле на нивната ќерка Тара да не ѝ кажуваат дека тој е во притвор, туку дека е на турнеја во странство. Адвокатот тврди и дека целиот процес за судењето на Раста е ставен во втор план заради короната, односно судовите работат многу помалку послениве месеци.

„Ништо не е сторено два месеца. Еве, чекаме да започнат работите, но јас одговорно тврдам дека пандемијата го забави процесот. Стефан останува во Централниот затвор до крајот на годината. а потоа апелациониот суд ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор“, вели адвокатот.

Share

Website https://4anime.biz: Watch Nutcracker Fantasy 4anime Episode Full 4anime hunter x hunter

Website https://wcostream.cc: Watch Persona 4 the Animation: No One is Alone (Dub) wcostream Episode Full anime sites

Watch Pokemon: The Rise Of Darkrai (Dub) Episode Full

ANIMEFLIX: Puzzle & Dragons X (Dub) anime episode 38 online free at https://animeflix.nl attack on titan animeflix

Docs google: https://docs.google.com/document/d/1lvCR6cw2GHAvzRSx4rmagWF9kmgvnj7OAYsACFBvsFc

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/gogoanimelol/

Scroll to Top