Рајан Рејнолдс откри како се чувствува кога ја гледа Блејк Лајвли во интимни филмски сцени

Рајан Рејнолдс откри како се чувствува кога ја гледа Блејк Лајвли во интимни филмски сцени

пред 2 месеци

Актерот Рајан Рејнолдс откри како се чувствува кога ја гледа својата сопруга, актерката Блејк Лајвли во интимни филмски сцени.

Лајвли претходно зборуваше за тоа како се чувствува додека го гледа својот сопруг во предизвикувачка секс сцена во филмот Deadpool и слободно може да се каже дека таа не е најголемиот фан.

„Бев во авион со моето бебе. Овие денови тоа е некаква врста на тортура, бидејќи сум во авион и насекаде околу мене го гледам мојот сопруг во секс монтажа со друга жена, бидејќи сите сакаат да го гледаат Deadpool во авионот“, изјави таа во интервју за Џими Фалон.

На Рејнолдс, од друга страна, не му пречи да гледа како Лајвли се бакнува со други во филмовите. Во интервју за списанието Elle, тој рече:

„Тоа не ми пречи толку многу. Не го гледам тоа на морничав начин. Луѓето не сфаќаат дека веднаш зад нив има 50 или 60 уморни, гладни, преоптоварени членови на екипажот“, рече тој.

Двојката е во брак од 2012 година, а заедно се од 2011 година. Тие се запознале на снимањето на Green Lantern, додека и двајцата биле во други врски.

Share
Scroll to Top