Реал Мадрид, Манчестер и Челзи ќе бидат исфрлени од Лига на Шмапиони, а на нивно место се враќаат Баерн Минхен, Порто и Дортмунд

Реал Мадрид, Манчестер и Челзи ќе бидат исфрлени од Лига на Шмапиони, а на нивно место се враќаат Баерн Минхен, Порто и Дортмунд

пред 4 години

Откако екипите на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи најавија дека ќе бидат дел од новата фудбалска Супер Лига, многу е веројатно тие уште оваа година да бидат исфрлени од Лигата на шампиони и на нивно место да дојдат поразените тимови Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд.

Ова го најави еден од членовите на извршниот комитет на УЕФА, Јаспер Милер, но, до конечната одлука ќе се чека во петок.

Трите клуба се меѓу основачите на новата Суперлига, поради што УЕФА е против и се закани со исфрлање. Тие се во полуфиналето заедно со Пари Сент Жермен, кој засега не се изјаснува на темата дали ќе учествува во Суперлигата.

Германскиот весник „Билд“ ексклузивно пренесува дека планот е во полуфиналето да се вратат Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд и заедно со ПСЖ да се формираат два полуфинални пара.

Share
Scroll to Top