Македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума, ја осови Специјалната награда од жирито на чешкиот филмски фестивал „Карлови Вари“. „Сестри“ е режисерско деби на младата Дума, која ја освои наградата во програмата „Источно од Западот“.
Филмот ја раскажува приказната за двете тинејџерки, чие пријателство е ставено на тест, откако ќе се соочат со последиците од нивното однесување. Во главните улоги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жоро, а филмот се снимаше во 2019 година во Скопје.
Покрај „Сестри“ во конкуренција еа и уште неколку филмови и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот и земјите од поранешен СССР, Средниот Исток и Северна Африка.
Гран при во оваа селекција освои филмот „Рус“ на Владимир Мункуев од Јакуцк, Русија. Главен победник на филмскиот фестивал е „Страхиња Бановиќ“ на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ, кој го освои Кристалниот глобус.
Ибрахим Кома ја доби наградата за најдобар актер, а за најдобра кинематографка беше избрана Јелен Станковиќ. Наградата најдобар режисер ја освои Дитрих Бругеман, за „Не“ од Германија.