Рецепт за домашен интегрален леб

Рецепт за домашен интегрален леб

пред 2 години

Состојки:
1 сув квасец, 280 гр интегрално брашно, 1 лажичка сол, 20 гр ленено семе, 20 гр сусам, 20 гр чиа семе, 50 гр овесна каша, 2 лажици кисела павлака, 180 мл млака вода, 40 мл масло, малку млеко за премачкување.

Подготовка:
Брашното се меша со сите суви состојки и се меша со лажица, па се додава водата, павлаката и се меша убаво се додека не се соедини. Тестото веднаш префрлете го на набрашнета површина и обликувајте леб, па ставете го во плех или калап. Пресечете неколку пати и оставете го да отстои покриено околу 30 минути.Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Лебот премачкајте го со млеко и веднаш премачкајте го со семките, па печете 20 до 25 минути.

Share
Scroll to Top