Рецепт за ладна салата од печена пченка и фета сирење

Рецепт за ладна салата од печена пченка и фета сирење

пред 2 години

Состојки за салата од пченка: 6 кочани пченка, 1 свежа црвена пиперка, 1 виолетова главица кромид, 1 млад кромид, 100 гр фета сирење.

dobivaj vesti na viber

За дресинг: 50 мл путер, 50 мл маслиново масло, сок од две лимети, сол, бибер, магдонос

Подготовка: Добро измијте ги и исушете ги кочаните од пченка. Загрејте ја грил-тавата и печете ја пченката додека не добијат златна боја од секоја страна. Кромидот, младиот кромид и пиперката ситно се сечкаат и се одвојуваат пченкарните зрнца од кочанот.

Подгответе го преливот: На растопениот путер му се додава маслиново масло. Магдоносот и кромидот ситно се сечкаат и се додава сок од лимета. Прелијте го преливот врз зеленчукот и пченката. На крајот додадете фета сирење и внимателно измешајте. Добро изладете ја салатата пред јадење. Послужете како прилог или лесен летен ручек.

Share
Scroll to Top