Рецепт за турски колач со мак и гриз

Рецепт за турски колач со мак и гриз

пред 2 години

Состојки:
Основа: 3 јајца, 200 мл млеко, 50 гр шеќер, 175 гр брашно, 8 гр прашок за пециво, 215 мл масло, 175 гр гриз, 100 гр мак.

Сируп: 300 гр шеќер, 300 мл вода, 1 лажичка сок од лимон.

Шлаг: 300 мл шлаг, 55 гр шеќер во прав, 1 лажичка екстракт од ванила, 2 лажици излупени мелени ф’стаци или афион (за декорација).

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Намачкајте калап за печење (23 x 30 cm). Јајцата и шеќерот се мешаат две минути додека не станат пенести, а потоа се додава млекото. Над садот просејте ги брашното и прашокот за печиво и измешајте додека се се соедини. Додадете масло и повторно измешајте. На крајот додадете гриз и афион и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Истурете го тестото во калапот, измазнете го и печете во рерна 25 минути.

Направете сируп. Ставете го шеќерот во големо тенџере со дебело дно и нежно протресете го за рамномерно да се распореди. Шеќерот прелијте го со вода и сок од лимон и варете на средна температура додека не почне да врие, промешајте неколку пати со дрвена лажица да се растопи се и намалете го огинот. Кога шеќерот целосно ќе се раствори, тргнете го садот од оган.

Целата површина на тестот избоцкајте ја со вилушка или чепкалка за заби. Со сирупот прелијте го тестото и покријте го со крпа и оставете го еден до два часа да се впие во тетсото.

Направете го шлагот. Измешајте го кремот додека не добиете мек шлаг. Додадете екстракт од ванила и шеќер. Мешајте додека не добиете тврд шлаг. Изматената павлака намачкајте ја рамномерно врз бисквитот (собна температура) и оставете го во фрижидер најмалку 3 часа.
Извадете го од фрижидер, исечете го и посипете со мелени ф’стаци или афион по желба.

Share
Scroll to Top