Светската музичка ѕвезда Рита Ора ќе пристигне во Охрид еден ден пред концертот за да има време да го доживее градот кој досега никогаш не го посетила.
Рита во Македонија ќе допатува заедно со својот сопруг, познатиот режисер Таика Ваитити, а дел од престојот ќе го искористат за прошетка низ старото градско јадро, покрај охридското крајбрежје и најпознатите знаменитости.
Иако потекнува од семејство со корени од регионот, ова ќе биде нејзина прва посета на Охрид, а токму затоа сакала да одвои дополнително време за да ја почувствува атмосферата на градот кој со години важи за една од најпосакуваните летни дестинации на Балканот.
По прошетката и приватното време во Охрид, Рита Ора ќе се фокусира на подготовките за спектакуларниот концерт што ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“.
Публиката ја очекува продукција на светско ниво, голем број хитови и настап кој веќе предизвикува огромен интерес. Заедно со Рита Ора, на сцената ќе настапат и Senidah и 2Bona, во една од најголемите музички вечери ова лето во Македонија.
Организаторите најавуваат дека интересот за концертот е огромен, а продажбата на билетите е во завршна фаза, поради што ги повикуваат сите што сè уште немаат обезбедено билет тоа да го направат навреме.






