Ријана повторно заљубена - Reporter.mk

Ријана повторно заљубена – Reporter.mk

пред 1 година

Пејачката Ријана е повторно заљубена, пренесува магазинот People. По прекинот на врската со саудискиот милијардер Хасан Јемел, Ријана сега се забавува со нејзиниот колега, американскиот рапер Раким Мајерс, познат како АСАП Роки.

Двајцата биле уловени за време на една вечера, во друштво на блиски пријатели. Седеле зад завесата, криејќи се од љубопитните погледи на папараците, открил неименуван гостин во ресторанот.

Близок пријател до Ријана ја потврдил оваа информаија, велејќи дека тие се во врска, откако Ријана раскинала со милијардерот и дека наскоро ќе прослават годишнина.

Ријана и Раким се добри пријатели долг период. За тоа колку се блиски, покажува и фактот што во јули годинава, тој се појави во една од кампањите за нејзините линии на производи за нега на кожа Fenty Skin, поради што снимија и неколку заеднички интервјуа.

Медиумите одамна ги поврзуваа двајцата. Во 2013 година се појавија првите натписи за нивната романса, но тогаш раперот ги негираше сите шпекулации.

„Не ја гледам Ријана на таков начин, иако е многу привлечна, но меѓу нас нема ништо“, изјавил во едно од неговите тогашни интервјуа Раким.

За потсетување, Ријана и нејзиниот сега веќе поранешно момче, врската ја започнаа во 2017 година и исто како и секоја нејзина врска, таа се обидувала да ја сокрие од очите на јавноста. Претходно беше во врска и со ликовниот критичар Лин Лазар, а пред него беше и со помладиот пејач Крис Браун, кој во 2009 година, ја претепа речиси до смрт.

Share

anime freak tv. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime streaming AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

AnimeFreak Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2

watch anime My Hero Academia Season 3

watch anime dub Dragon Ball Super

watch anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

Scroll to Top