Родителите го оставиле кога имал 4 години: Јутјуберот Лазаров му помогна на Неџат да почне нов живот во свој дом

Родителите го оставиле кога имал 4 години: Јутјуберот Лазаров му помогна на Неџат да почне нов живот во свој дом

пред 2 години

Познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров сподели видео со негов обожавател, кој има исклучително тешка животна приказна.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за 18 годишниот Неџат, инаку голем обожавател на Стефан кој од 4 години живее во згрижувачко семејство во Кочани, каде го оставиле неговите родители. Ова го поттикнало јутјуберот да сними видео со него, во кое тој ќе ја сподели детали од неговиот живот.

Стефан како што вели во видеото сака да испрати апел до сите негови следбеници, обожаватели и пријатели да му помогнат на Неџат. Конкретно Лазаров бара работа и место за живеење за момчето. Инаку видеото кое беше споделено пред 5 дена, допре до хуманите луѓе и веќе во ново видео Неџат го има тоа што го бараше за да може нормално да живее.

Сега тој има свој дом, оди на пробна работа, каде ќе има добра плата и здравствено осигурување, вели Лазаров.

 

Share
Scroll to Top