Новата фотографија на Роман Полански и неговата жртва Саманта Гајмер која пред 4 децении го обвини за силување, предизвика лавина коментари. Сите се изненадија кога Саманта на „Инстаграм“ ја објави фотографијата на која таа позира со Полански и на која двајцата се насмеани и прегрнати.
Саманта неодамна призна дека со Полански редовно се допишуваат по мејл, иако Французинот ја силувал во џакузито на холивудската ѕвезда Џек Николсон пред 40 години.
Полански се изјасни за виновен што спиел со Саманта, која тогаш имала само 13 години и дека ја принудил на секс во 1977 година. Кога дозна дека треба да оди во затвор, побегна од Америка.
Познатиот американски режисер Квентин Тарантино во едно интервју застана во одбрана на Полански.
„Таа девојка знаеше во што се впушта. Според мене, зборот силување може да се користи само кога се зборува за насилен секс, фрлање на земја, а тоа е едно од најбруталните злосторства на светот“, рече Тарантино и тврди дека Полански е виновен само што спиел со 13-годишно девојче, но не и за силување.
„Не станува збор за силување. Зборуваме за американскиот морал, а не за оние во Европа и секаде на друго место“, рече Тарантино..