Русинка украла 300.000 евра од банката во која работела, па со парите ставила силиконски гради

Русинка украла 300.000 евра од банката во која работела, па со парите ставила силиконски гради

пред 3 години

Русинката Ксенија Орлова (23) може да добие 10 години затвор бидејќи украла 300.000 евра од банката во која работела. Таа парите ги потрошила на пластична операција за зголемување на градите и на спортско обложување.

Ксенија планирала да побегне во странство, но при обидот за бегството била уапсена и обвинета за проневера, пишува „Телеграф“.

„Уапсената признала дека од ноември 2020 година до 23 јануари 2022 година, злоупотребувајќи ја положбата, ги украла парите што ѝ биле доверени, со што ѝ нанела штета на банката во износ од 26 милиони рубљи, односно 300.000 евра“, соопшти руската полиција.

Колегите не можат да веруваат дека Ксенија е уапсена, бидејќи потекнува од пристојно семејство, а и нејзиниот сопруг, поранешен војник, оставал впечаток на пристојна и доверлива личност.

„Таа е многу паметна, образована и заврши одлична работа. Добро знаеше да работи на каса. Ако порано имало недостиг, таа секогаш помагала да се најде грешката и да се поправи што е можно побрзо. Наскоро требаше да биде унапредена, обучена е за заменик-директор“, изјавила нејзината колешка за руски „Телеграф“.

Share
Scroll to Top