Минисерот за вонредни ситуации на Русија, Евгениј Зинчев, трагично настрада за време на вежби на Арктикот. Тој се обидел да го спаси животот на еден од камерманите кои ги снимале вежбите на меѓуресорните вежби во градот Норилск.
Руските медиуми објавија дека тој загинал кога сакал да му помогне на камерманот, кој се лизнал и паднал од карпа во вода. На крајот загинале и двајцата
„Имаше многу присутни, но никој немаше време да сфати што се случува. Зинчев скокна во водата и удри во испакнат камен“, напиша на Твитер, Маргарита Симоњан, главната уредничка на државната телевизија „РТ“.

„Министерството за вонредни ситации на Русија, со жалење соопштува дека Евгение Зинчев трагично загина на службена должност од вонредна ситуација, учествувајќи на меѓуресорни вежби за заштита на арктичката зона, спасувајќи го животот на друг човек“, стои во соопштението на Министерството.
Рускиот претседател е известен за случајот, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Зинчев е роден на 18 август 1966 година во Ленинград. Ја почнал кариерата како агент на КГБ, а го водел министерството за вонредни ситуации од 2018 година.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Рецепт за Вимблдонска торта на Џејми Оливер
Ќерката на Мелита Ракичевиќ ја отвори летната во секси костим за капење
Род Стјуарт одби да настапи во Катар
Едита Арадиновиќ го блокирала на социјалните мрежи, но манијакот ја начекал во продавница
Данците се најбогати, а Романците најсиромашни во Европа
Модни парчиња што ќе бидат хит оваа година
