Руски авион бил подготвен да слета и да го спаси Милошевиќ да биде испорачан во Хаг

Руски авион бил подготвен да слета и да го спаси Милошевиќ да биде испорачан во Хаг

пред 4 години

Поранешниот претседател на Југославија и Србија, Слободан Милошевиќ, пред да биде уапсен и испорачан во Хаг имал понуда да се сокрие во Русија или во некоја друга земја и да го промени својот идентитет, пишуваат српските медиуми.

Како што пишува Курир.рс, Милошевиќ тоа го одбил, по краткиот разговор со сопругата Мира Марковиќ, откриваат учесници во целиот тој процес од март 2001 година.

Потпретседателката на Социјалистичката партија на Србија, Славица Џукиќ-Дејановиќ, вели дека имало разни понуди кои доаѓале надвор од Србија, а кои на Милошевиќ му овозможувале да продолжи со својот живот.

„Можеше да се сокрие во странство и да го промени својот идентитет, но тој таквата понуда не ја разгледа. Беше свесен дека со неговото предавање, тој е само на чекор до затворот во Хаг. За него професорката Марковиќ беше единствениот авторитет. Разговараше со неа на кратко и не сакаше да прифати никакви понуди. Милошевиќ сосема мирно се подготвуваше да замине во затвор. Затоа што во неговата вила немаше ни струја ни вода, тој се бричеше со кисела вода, под светло од агрегат“, раскажува функционерката на СПС, Славица Џукиќ Дејановиќ.

Некогашниот потпретседател на сојузната влада, Никола Шаиновиќ, за српски „Курир“ открива дека најсериозната понуда за Милошевиќ била поврзана за Русија.

„Требаше руски авион да дојде по него и тој да продолжи со животот, како што неговото семејство подоцна го направи тоа. Но, ниту тој, ниту некој од насн не ја разгледуваше таквата опција. Оперативно и технички беше изводливо да го промени идентитетот, а никој да не знае за тоа. На границата со пасош ќе поминел некој Петар Петровиќ, а немаше да се знае ни земјата во која ќе отидевме. И подоцна, кога новата влада ќе дојдеше, ќе ни беше кажано дека нема да прават проблеми за отстранување на Милошевиќ. Не можам да ви го кажам името, но тоа беше една од понудата. Повторувам, никој од нас не помисли да ја искористи“, вели Шаиновиќ, кој по Милошевиќ и самиот завршил во Хаг, каде што му беше пресудено за злосторствата кои биле направени на Косово и Метохија.

Милошевиќ официјално е уапсен на 1 април утрото во 4:49 часот. Два дена пред тоа владеела голема напнатост во неговата вила и околу неа, каде што се собрале неговите приврзаници. Неговото предавање беше проследено со тешки преговори, кордони полиција, инциденти, мавтање со оружје, па дури и по некои пукотници. Поранешниот претседател бил однесен во Окружинот затвор, а на 28 јуни, на Видовден, бил испорачан на Хашкиот трибунал. Таму починал во 2006 година. Милошевиќ не  ја доживеа пресудата.

Share
Scroll to Top