Статуата на Малата сирена, кој претставува заштитен знак на данската престолнина Копенхаген, е вандализиран. Непознат сторител нацртал руско знаме на каменот на кој стои постаментот посветен на Ханс Кристијан Андерсен во пристаништето во Копенхаген.
Данската полиција рече дека се трага по сторителот кој сакал да ја поддржи Русија во време кога врши воена инвазија на Украина. Неколку туристи ја снимија скулптурата во четвртокот утрото.
Статуата која била направена во бронза е поставена во 1913 година на релативно изолирано шеталиште и редовно е мета на најразлични протестни акции. Во 1964 година, Малата сирена остана без глава и нејзината оригинална глава досега не е пронајдена.
Во 1998 година, повторно и е отстранета главата, а во 2003 година беше мета на експлозија. Разни вандали ја фарбаа со бои за да изразат несогласување со ловот на китови, а во 2020 година на скулптурата се појавил мистериозниот натпис „Расистичка риба“.