Сали најави нов чекор за правична застапеност: Владата ќе воспостави координативно тело за контрола

Сали најави нов чекор за правична застапеност: Владата ќе воспостави координативно тело за контрола

пред 3 часа

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, уверува дека правичната и соодветна застапеност ќе се почитува, нагласувајќи дека Владата е гарант за спроведување на законот.

Тој истакна дека законот предвидува донесување подзаконски акти, како и формирање координативно тело во рамки на Владата, кое ќе го раководи првиот вицепремиер, а во него ќе бидат вклучени и повеќе министри.

Со новиот закон се очекува да се уреди застапеноста на етничките заедници во јавната администрација, додека координативното тело ќе има задача да го следи и контролира спроведувањето на ова начело во институциите.

Share
Scroll to Top