Холивудската актерка Салма Хајек објави фотографии како ужива на јахта, облечена во жолто бикини. Фотографиите на Хајек имаат скоро два милиони лајкови.
„Секогаш кога ми треба обнова, скокам во океанот“, напиша актерката.
Салма практикува јога за да ја одржи фигурата, таа одвојува време во текот на денот за хата јога, која се состои од серија на пози кои ѝ помагаат да се релаксира телото преку медитација и техники на дишење.
Актерката има 55 години и не се плаши од стареењето, таа во едно интервју вели дека е сигурна оти нема да прави пластични операции, и дека треба да се сарее грациозно и достоинствено.
На крајот на минатиот месец март, таа и нејзиниот сопруг, Франсоа-Анри Пино, го чистеа ѓубрето на дното на морето. Тие се во брак од 2019 година и заедно ја имаат 15-годишната ќерка Валентина Палома Пино.