„Сам дома“ е најдобар божиќен филм на сите времиња

„Сам дома“ е најдобар божиќен филм на сите времиња

пред 3 години

Филмот „Сам дома“ е најдобар божиќен филм на сите времиња според порталот „МјузикМагПај“. Изборот е направен според информациите добиени од 25 категории, како што се пребарувањето на „Гугл“, заработката од кино проекции, рејтингот на „Ротен Томатос“, но и категории кои вклучуваат сцени со божиќни подароци, божиќни комбинации, снег, Дедо Мраз, божиќен шопинг.

„Сам дома“ почна да игра во кината во ноември 1990 година. Преку „Гугл“ бил пребаран преку пет милиони пати, на „Твитер“ бил спомнат над милион пати и заработил повеќе од 400 милиони долари.

На второ место е филмот „Елф“ со Вил Ферел од 2003 година. На листата е и филмовите: „Всушност, љубов“, „Како Гринч го украде Божиќ“, „Дедо Мраз“, „Кошмарот пред Божиќ“, „Артур Божиќ“, „Гремлини“, „Поларен експрес“, „Божиќниот одмор на националниот Лампион“, „Умри машки“, „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“, „Скруг“, „Ѕвончиња по патот“, „Божиќната песна на Мапет“, „Ова е прекрасен живот“, „Чудо на улица 34“, „Бел Божиќ“, „Лошиот Дедо Мраз“ и „Празник“.

Share
Scroll to Top