Сандра Булок со ретки семејни фотографии ја трогна јавноста: „Не постои посилна врска од сестринската љубов“

Сандра Булок со ретки семејни фотографии ја трогна јавноста: „Не постои посилна врска од сестринската љубов“

пред 3 часа

Оскаровката Сандра Булок го одбележа Меѓународниот ден на сестрите со емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи ретки семејни фотографии со својата сестра Гесине Булок-Прадо, која од милост ја нарекува Џиџи. Искрената порака и фотографиите од нивното заедничко минато предизвикаа бројни позитивни реакции кај нејзините следбеници.

Во објавата, актерката сподели неколку семејни моменти, меѓу кои и фотографија од нивните помлади години, потсетувајќи на нивната долга и силна сестринска врска.

„Кога имате сестра, некој што ја знае вашата приказна – кој знае кои сте биле и кои секогаш ќе бидете – не постои подлабока поврзаност, ниту посилна врска“, напиша Булок, цитирајќи дел од книгата „The Book of Magic“ на авторката Алис Хофман.

https://www.instagram.com/p/DbirtUHFLOr/?img_index=3&igsh=MXkxZmNtajVnYjc5Nw==

Потоа следуваше и лична порака посветена на сестра ѝ.

„Среќна сум што покрај себе ја имам оваа неверојатна душа која ме познава, со сите мои грешки, и сепак секој ден повторно избира да ме сака. Среќен Ден на сестрите – и на оние со кои сте родени, и на оние што сами сте ги избрале во животот. Те сакам, Џиџи“, напиша актерката.

Иако денес се исклучително блиски, нивниот однос не бил отсекогаш таков. Гесине е шест години помлада од Сандра, а актерката во едно интервју за „The Guardian“ призна дека токму разликата во возраста ги држела на дистанца додека биле деца.

„Разликата во годините значеше дека како деца не бевме особено блиски. Ниту една тинејџерка не сака помала сестра која постојано оди по неа“, раскажала Булок.

Сепак, со текот на времето нивниот однос значително се променил.

„Дури во средно училиште станавме навистина блиски“, открила таа.

Нивната поврзаност подоцна прераснала и во деловна соработка. Во 1995 година заедно ја основале продукциската куќа „Fortis Films“, а работеле и на повеќе филмски проекти, меѓу кои „Gun Shy“, „Miss Congeniality 2: Armed and Fabulous“, додека Гесине учествувала и во развојот на филмот „Practical Magic“.

Денес Гесине Булок-Прадо има успешна кариера како слаткарка и авторка на книгата „My Vermont Table“, додека Сандра Булок и понатаму не пропушта можност јавно да истакне колку ѝ значи поддршката од својата сестра.

Со оваа искрена објава, холивудската актерка уште еднаш покажа дека, и покрај светската слава, семејството останува најголемата вредност во нејзиниот живот.

Share
Scroll to Top