Фолк-пејачката Сани Гроздановска се сврши по само еден месец врска, а зад себе веќе има два брака.
Таа објави заедничка фотографија со нејзиниот нов свршеник, Никола Урдаревиќ.
„Да ги изораме нивите“, напиша пејачката откако објави фотографија со свршеникот качени на трактор.
Инаку ова на Никола ќе му биде прв брак, додека на Сани трет. Никола е менаџер на хотел лоциран на Алпите. Пејачката зад себе има два бракови и има две ќерки, Викторија од првиот и Ева од вториот брак.