Свекрва ми е мајката на Филип, а не Лепа Брена: Пријавиќ разочарана од колегите, вели не ѝ простуваат што се омажила со синот на Живојиновиќ

Свекрва ми е мајката на Филип, а не Лепа Брена: Пријавиќ разочарана од колегите, вели не ѝ простуваат што се омажила со синот на Живојиновиќ

пред 4 години

Српската пејачка Александра Пријовиќ е веќе неколку години во брак со Филип Живојиновиќ, синот на познатата музичка ѕвезда Лепа Брена. Тие две отсекогаш биле во одлични односи.

Иако Пријовиќ избегнува да зборува за приватниот живот, сепак во една прилика изјави дека колегите не ѝ простиле што се омажила за Филип Живојиновиќ. Исто така, често ѝ се препишивало дека кариерата ја подигнала на повисоко ниво благодарение на Брена и Филип.

„Мојот брак им е многу поважен на моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми ги простат и да поминат преку нив, но бидејќи се омажив со него, тоа не е така. Понекогаш излегува дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови“, изјави таа.

Потоа таа откри дека Лепа Брена не ѝ е свекрва, со цел да разјасни некои работи.

„Морам, пред сè, да кажам дека мојата свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица“, рече таа.

Пријовиќ додаде дека Брена е прекрасна жена, која се грижи за семејството, и е многу добар човек, притоа истакнувајќи дека има прекрасен однос со Брена и Боба.

Share
Scroll to Top