Светската шампионка во велосипедизам е во кома откако паднала на тренинг

Светската шампионка во велосипедизам е во кома откако паднала на тренинг

пред 3 години

Светската шампионка во велосипедизам, Холанѓанката Ејми Питерс е оперирана поради повреди на главата . Таа е ставена во вештачка кома по тешкиот пад, соопшти нејзиниот тим СД Воркс.

“Ејми Питерс беше оперирана, а за време на операцијата лекарите и го намалија притисокот во главата предизвикан од несреќата. Таа во следните неколку дена ќе биде во вештачка кома. Кога лекарите ќе ја разбудат за неколку дена, ќе може да се дијагностицираат можните последици“, соопшти клубот на Твитер.

Несреќата се случила за време на тимски тренинг во близина на Калпе, крајбрежен град северно од Аликанте.

Ејми Питерс (30) е трикратна светска шампионка и европска шампионка во друмски велосипедизам во 2019 година.

Share
Scroll to Top